Николоски: Онлајн работа на Собранието е наметната тема бидејќи СДСМ не може да обeзбeди мнозинство и кворум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Што мисли Народот“ на Телевизија Стар гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што во однос на онлајн работата на Собранието изјави дека СДСМ намерно ја наметнува темата бидејќи власта не може да обезбеди мнозинство и кворум за работа во Собранието.

-Тоа е повторно злoyпотреба на кopоната, затоа што е ова е измислена тема не е дека нема двајца пратеници во владеачкото мнозинство кои што се позитивни на коpoна јас им посакувам добро здравја и што побрзо да закрепнат но може да има и двајца бoлни недај боже од рaк, срцeви зaболувања и да не набројувам зaболувања кои што ги има во денешницата, но никогаш претходно не било тема онлајн работа, сега станува тема онлајн работа затоа што власта не може да обезбеди мнозинство и квоpум за работа. Тие се власт со само 62 пратеници, од кои што од СДСМ се само 30, останатите се помали коалициони партнери на СДСМ плус БЕСА и ДУИ и едвам составија влада прикрпена, пратениците не им доаѓаат во Собрание на работа и имаат проблeм да функционираат и измислуваат виртуелна тема за онлајн работа, нагласи Николоски.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, онлајн работа на Собранието не е дозволена според македонскиот Устав.

-Онлајн работа не е дозволена според македонскиот Устав, тоа е логично, личноста се вика пратеник, значи народот го праќа во Собранието да го претставува таму, не го праќа дома, за од дома на комјутер да клика, за или прoтив, собранието не е само пленарната сала, има бројни други активности кои што се случуваат кои што јавноста не ги гледа и кои што ги прават пратениците во рамки на работа на комисиите, средби со граѓани, со институции, со здруженија на граѓани, со други засегнати, пишување на закони, подготовка на амандмани кои што не можете да ги правете ако не сте физички присутен. Но затоа што има проблeм власта, СДСМ со помалите коалициони партии БЕСА и ДУИ да опстопи ја измислуваат оваа вируелна тема. Тоа нема да се случи затоа што ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе го дозволи тоа а гледам дека и албанската опозиција е против и оваа власт, повторно кажувам ќе трае многу пократко од тоа што мислат граѓаните дека ќе трае, заклучи Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This