НОВА АГЕНЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ: Оливер Спасовски го најави формирањето на новата агенција – се уште се бараат простории каде да се смести!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со нова Агенција за национална безбедност ќе се штити уставниот поредок на Република Северна Македонија. Рокот за отпочнување со работа на оваа владина агенција, како што денес најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на брифинг со новинарите на оваа агенција ќе биде 1 јуни, 2019 година. Реформите во делот на безбедноста во МВР се прават во соработка со 4 партнерски земји, а задача на оваа нова агенција ќе биде следењето.

Следењето е превенција, но нема да има доказна вредност, а одлуката за ваков чекор е донесена поради свесноста од досегашните злоупотреби со следењето и прислушувањето. Министерот Спасовски додаде дека тие времиња се завршени и со новиот Закон за Агенцијата за национална безбедност, кој е во собраниска процедура се штитат граѓаните.

„Формирањето на ваков тип владино тело, според раководството на МВР, се прави за да се намали концентрацијата на моќ која ќе е помала ако е надвор од МВР. По 28 години сакаме да се ослободиме од називот „тајна полиција”. Ниту една од владините агенции нема да има можност да следи, и нема да има само една агенција која ќе ги следи сите и ќе ги има сите информации, како што тоа беше до сега”, посочи министерот Спасовски.

Соработката ќе се регулира со строг закон во соработка со Собранието, обвинителот, како и Советот за граѓанска одговорност. Сето ова ќе се прави со посредство на ОТА, а врз наредба издадена од надлежен обвинител, а за заштита на уставниот поредок наредбата ќе ја издава Врховниот суд.

Агенцијата за заштита на национална безбедност ќе биде насочена кон заштита на уставниот поредок. Нејзиниот директор ќе го бира Владата на предлог на премиерот, а Комисија за селекција ќе има задача да создаде профил на работни места, и профил на вработени лица.

Финалната селекција ќе мора да ги исполни критериумите на НАТО, а министерот Спасовски е дециден дека секој што нема да ги исполнува критериумите, нема да може да биде вработен овде, бидејќи вработените ќе бидат лица кои ќе имаат контакт со класифицирани податоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This