СООПШТЕНИЕ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА МЕДИУМИ: „1ТВ“ и Сашо Ордановски не ги почитувале професионалните стандарди за време на интервјуто со Мицкоски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчерашното интервју на „1ТВ“ во емисијата на Сашо Ордановски со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е оценето како непрофесионално, неетичко и без одговорност кон професионалните стандарди

Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Ордановски со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, емитувано сношти на 1ТВ, првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто, новинарот ги прекршува начелата за почитување на достоинството на личноста, за пресумпција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Извештајот ќе биде објавен на веб страницата и доставен до Советот на Агенцијата, а во меѓувреме, регулаторното тело нагласува дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела за вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди. – стои во соопштението на АВМУ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This