НОВИОТ MICROSOFT EDGE: Ќе биде инсталиран на корисниците преку Windows Update автоматски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инсталацијата ќе започне од 15 јануари идната година кога ќе стане достапна и првата финална верзија од Microsoft Edge направен на основа на Chromium.

Со претставувањето на новото лого за Microsoft Edge од компанијата најавија и дека финалната верзија од прелистувачот, кој моментално е до бета фаза, ќе биде официјално достапна од 15 јануари 2020.

Од оваа дата новата верзија од Microsoft Edge, која е направена на основа на Chromium, ќе стане официјалната верзија достапна за корисниците на Windows 10, односно ќе ја замени досегашната која доаѓа со оперативниот систем.

Замената на двете верзии ќе биде направена како што би се очекувало, односно преку Windows Update автоматски. Тоа значи дека почнувајќи од 15 јануари, моменталната верзија од Microsoft Edge ќе биде автоматски надградена со целосно новата верзија направена на основа на кодот од Chromium.

Ова ќе биде последната автоматска надградба на Edge преку Windows Update, а сите наредни ќе се прават автоматски преку самиот прелистувач, односно како што е случајот кај Google Chrome, Mozilla Firefox и другите.

Тоа значи дека Microsoft Edge сега ќе добива многу поредовни надградби, поточно на секои 6 недели, како што се надградува кодот на Chromium, а бeзбeднocнитe надградби ќе бидат пуштани по потреба, односно веднаш.

Microsoft објаснува дека прилагодувањата, кратенките во Старт менито, на десктопот и таскбарот, ќе бидат заменети со новата верзија, а старата веќе нема да може да се вклучи и нема ни да биде прикажана.

Доколку од компаниите, па и некој од домашните корисници, поради некоја причина не сакаат да им биде инсталирана новата верзија од Edge, тоа ќе може да го „спречат“ преку алатка која Microsoft им ја направи достапна, односно со Blocker Toolkit.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This