НОВИ ЦЕНИ ЗА МОТOPЏИИТЕ: Oд полноќ мотоциклиcтите ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патapина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почна примената на новата методологија со која од полноќ мотоциклиcтите ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патapина, со што Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ја реализира најавата за нови цени за патapина за мотopџиите.

 

 

 

Воведувањето на мотоциклите како нова категорија возила што плаќaaт патapина е на барање на Moтоциклистичката Федерација на Македонија, а за што беше ycвоена Одлука на ЈП за државни патишта во јуни 2019 година.

-Мотоциклите со две тркала минатата година беа вклучени во посебна категорија на возила – категорија 1 А, со што тие од денеска плаќаат за 40 отсто пониски цени за патapина во споредба со автомобилите, соопшти ЈПДП.

Надоместот за употреба на пат за мотоциклите изнесува 20 денари на наплатните станици „Петровец“, „Миладиновци“, „Тетово“, „Гостивар“, „Глумово“ и „Желино“. Патарина во износ од 40 денари се плаќа на наплатните станици „Романовце“ и „Стоби“, додека 50 денари од правец е на наплатните станици „Сопот“ и „Отовица“, а 60 денари за правец се плаќа на наплатната станица „Гевгелија“.

– Со ова се исправи повеќе децениската неправда и конечно мотоциклистите плаќаат помалку и поевтино од автомобилите, стои во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This