ЈАКИМОВСКИ: Власта нacила носи закон со кој што СЈО ќе го трансферира во ЈО, а притоа ќе создаде политичка kpиза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Само вистина“ гостуваше претседателот на „Гром“, Стевче Јакимовски кој што посочи дека со насилното однесување на власта да со сила донесе закон кој што не е во корист на граѓаните е еден вид создавање политичка криза во Македонија.

Денеска сме политички понестабилни како држава, и никако да се извлечеме од тоа. И тоа прави огромни штети на стопанството, на чувството на сигурност на граѓаните. Гледаме народ ни се иселува, млади деца сакаат да живеат посигурно, побезбедно, работно посигурни, појасни Јакимовски.

Јакимовски додаде дека со вакво насилно однесување за да помине закон во кој што СЈО ќе се трансферира во ова обвинителство се создава една политичка криза.

Ако некој на тоа СЈО му даде 3 години, му даде 4.2 милиони евра годишно да троши буџет, му даде одврзани раце, да коле, да беси, да прави што сака, да обвинува за глупости. Значи се му беше дозволено и тие наместо да ги работат предметите, тие очигледно се занимавале со тоа колку пари ќе земат. И се занимавале со тоа од кого колку пари ќе земат не само легални внатре пари туку и нелегални пари. И сега ние треба цела држава да се тресе за да нив статусот им го разрешуваме, нагласи Јакимовски.

Јакимовски потсети дека кога Катица Јанева поднесуваше изјава во Парламентот, кога ја прашаа како ги троши парите, таа навредена рече дека ќе си оди. Но не се знае што ќе излезе кога ќе се отворат Јавните набавки како СЈО има трошено пари.

Трансферот на луѓето, на кадрите од СЈО во редовното обвинителство е сериозно проблематично. И тоа од партиски, од морален, па ако сакате дури и од стручен аспект. Ако се вратиме на тоа што работеле, што гонеле, на површина извадивме смешни обвиненија за мерцедес, за шамарите во Центар. Ниеден предмет ние таму немаме за корупција, туку имаме градел автопатишта затоа што сакал да победи на избори, набавил мерцедес итн. Покредибилно ќе беше да излегоа и да речат дека очекувале да најдат многу сериозни работи, но имаат одредени индиции, тоа и тоа се некои проблематични предмети, но меѓутоа досега сериозен криминал нема. Тоа е многу почесно и така правдата е задоволена, истакна Јакимовски.
Јакимовски потсети дека СЈО со сила да се прогонуваше луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This