НОЌНИТЕ ВОЛЦИ И РУСКИОТ АМБАСАДОР ГО ПРЕЧЕКАА: Прва дестинација на духовникот на Путин беше Лешочкиот Манастир!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Викарниот епископ на рускиот патријарх Кирил, Тихон попладнево слета на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Духовниот отец на рускиот Претседател, Владимир Путин, покрај од руската амбасада, на аеродромот го пречекал и Ленин Јовановски и во текот на денешниот ден е во постојана придружба на претставници мото клубот „Ноќни волци“.
tihon-aerodrom

Меѓу првите места кои ги посетил бил Лешочкиот манастир, каде се поклонил и пре рускиот крст што неодамна во присуство на отец Методиј од Руската православна црква беше поставен во чест на руските монаси во Македонија.

tihon-lesok-2

Епископот Тихон утре ќе патува во Охрид, каде ќе има средба и со претседателот Ѓорге Иванов и со повеќе други личности од Македонија. Предвидена е негова посета на Бигорскиот манастир, како и средба со делегација од Синодот на МПЦ, на чело со Архиепископот г.г. Стефан.
tihon-lesok

Во вторник во НУБ. Свети Климент Охридски, деканот на Богословскиот факултет на МПЦ, професорот Ѓоко Ѓоргевски ќе ја промовира книгата чиј автор е гостинот на Руската православна црква.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This