Нeвepoјaтнo: Американските нayчници твpдaт дeкa гo пpoнaшлe лeкoт кoj зa 24 чaca cпpeчyвa шиpeњe нa Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истражувачите од Државниот универзитет во Џорџија САД, тврдат дека го откриле антибактерискиот лек кој во рок од 24 часа спречува пациентите да го шират коронавирусот на здрави лица, пишува Дејли Меил.
Тоа е лекот МК-4482 / EIDD-2801 поинаку познат како Молнупиравир, кој во еден ден спречува пренесување на КОВИД-19 на други луѓе.

На чело на тимот беше д-р Ричард Племпер, кој откри дека лекот е добар во борбата против сезонските вируси.
„Ова е прва демонстрација на лекот што брзо го блокира пренесувањето на SARS-COV-2. Ова значи голема пресвртница за науката, рече Племпер.

Запирање на ширењето на вирусот се додека не се направи масовна вакцинација низ целиот свет, би ги спречило  катастрофалните последици што веќе започна да ги предизвикува пандемијата.
„Забележавме дека лекот МК-4482 / EIDD-2801 се бори против вирусот во респираторниот систем и очигледно се го спречува ширењето“, рече на крајот Племпер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This