April 27, 2024, 10:48 pm

Нeма да дозволиме покрај здравствената, да се наметне и политичка криза…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Моето мислење е дека избори на 5-ти нема да има, ќе се појави за нив некој deus еx машина од некоја институција и ќе им ги смири хормоните и паничниот страв од пораз кој ги тера да прават вакви луди одлуки, ќе им каже дека и поразот што ќе им се случи е дел од животот и мора да научат да живеат и со поразите, но сепак ова само уште еднаш покажува колку нечовечност има во овие луѓе, оценува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

„На ден кога има 7 починaти кога рушиме негативни рекорди по новозаболени за 1 недела над 1000, тие запнаа за избори за да спасуваат што мислат дека може да се спасат, своите фотелји. Нeчовечно и брутално.

Нека бидат сите спокојни, нема да дозволиме покрај здравствената и економската, да има и политичка криза.
Но мора да се свесни дека со одењето на сила може да се соочат со уште поголема сила против себе. Нивна е одговорноста.

Ние ќе се однесуваме одговорно зрело и сериозно, но да си знаат, народот нема да спие и да гледа како крадат и продаваат се живо како и досега обезбедувајќи си уште 4 години. И токму тој народ ќе им докаже дека Македонија е сепак посилна од нив!“- напиша тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This