Постојат сомнежи дека „Нинџа“ и по поднесување на обвинителниот акт се спогодувал со обвинителството, што е недозволиво во кривичната постапка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот на неколку од осомничените за случајот 27ми април, Еленко Миланов, вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија за сведокот Александар Василевски – Нинџа кој вчера сведочеше во судница за случајот за 27-ми април, истакна дека има сомнежи дека можеби се спогодувал со обвинителството и по поднесување на обвинителниот акт иако тоа е недозволиво во кривичната постапка, неговата најблага казна укажувала таков сомнеж.

Миланов вели дека одбраната на сведокот „Нинџа“ во текот на постапката истакнала дека имало постапка за спогодување во која тој барал да биде соработник на правдата и барал поволности во тој предмет, но истото не му било прифатено.

Сето тоа е легитимно вели Миланов, но ако се направело до моментот на поднесување на обвинителен акт каде законот за кривична постапка дозволува, но спогодување по поднесување на обвинителен акт е недозволиво, а казната која што тој ја има за неговата улога во овој случај, укажува на некој сомнеж дека некои спогодувања можеби имало помеѓу обвинителството и Александар Василевски – Нинџа, вели адвокатот Миланов.

Миланов тврди дека овој сведок давал информации дека бил ангажиран од контраразузнавачките служби,но таков доказ не бил понуден ни во првата постапка, ниту бил понуден од страна на неговата одбрана, ниту од страна на обвинителството, таков доказ немаме видено, вели тој, иако сведокот тврдел дека добил од контраразузнавачките служби значка, радиостаница, возило и оружје па дури и вчера во судница давал кодови од претпоставена радиостаница која тврди дека ја поседувал,кодови кои вели Миланов не знаеме дека постојат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This