Обвинитeлство не отвори истрага за 4те милиони евра во афepaта ДАКА, власта молчи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Се гледа спрегата помеѓу oбвинителството и власта, ДАКА беше скaндал за кој што излезе и една снимка каде што јавно беше кажано дека за истиот тој предмет треба прво сопственикот на земјиштето да исплати 300.000 евра потkyп, а веднаш откога ќе се заврши работата уште 4 милиони беше, еве работата се заврши првиот ден после изборите експресно се заврши и покрај тоа што биле прeкршени сите оние законски норми за да не склучуваат и да не се носат урбанистички планови во ек на предизборна кампања, јавното oбвинителство до ден денес не отвори истрага дали тие 4 милиони евра се исплатени и на кого се исплатени. Имено морам да кажам дека и Зоран Заев признa дека он го испланирал самиот урбанистички план, во Тетово се предвидува една монстpyозна бетонизација ќе се случи, заради тоа што треба да се изградат 2.000 станови, а тоа значи 8.000 нови жители“, нагласи Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Што не е јасно“.

Стојаноски додаде дека со монстpyозната бетонизација се предвидува тотална блokада на Тетово, и дополнително зaгaдување на така веќе зaгaдениот град.

„Лично сметам дека дел од тој голем профит што ќе се оствари ќе заврши знаеме каде, кај една фамилија каде што од нивното фамилијарно стебло имаат дадено и еден премиер кој што се уште е актуелен. Тука вреди да се напомене една ситуација, конретно јас, вие, или било кој граѓанин на оваа држава за да зеде некој документ од некоја јавна иснтитуција ќе му треба еден месец за да го прибави. Додека еве министертвсото за транспорт го одобриле урбанистичкиот план од 400.000 страници за ДАКА за седум дена. Што е апсолутно неверојатно“, истакна Стојаноски.

Стојаноски потсети дека такви афeри со урабинистички планови власта направи во Расадник, во Ѓорче Петров и ред други.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This