Обaмa oбвинeт зa шиpeњe нa зapaзaтa co кopoнaвиpyc – poдeндeнcкa зaбaвa нaпpaви хaoc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Островот „Лозјата на Марта“ во САД има најголем пораст на заразени со коронавирус, по број на жители, а според пишувањата, причина за ова е големата роденденска журка на поранешниот американски претседател Барак Обама.

Болницата на островот „Лозјата на Марта“ е полна со нови случаи заболени од коронавирус. Американските медиуми посочуваат по гала забавата на по повод својот 60-ти роденден, на островот нагло се покачила бројката на новозразени со ковид-19. Сега островот има најголем раст на заболени во Америка, по број на жители.

Од 7 август, кога била организирана забавата, до денес на овој остров регистрирани се вкупно 158 нови случаи на зараза. Воедно тоа е најголем број заразени од избивањето на пандемијата, тврдат официјалните лица.

Како што пренесува локалниот весник „Винјард газет“ три пациенти се во критична состојба, додека една личност е префрлена во болница во Бостон. На островот има само една болница и од почетокот на пандемијата во неа се лекувани само двајца пациенти заболени од коронавирус.

Дениз Скеписи, управничка на болницата директно не го поврзала порастот на заболени со големата забава организирана експретседателот на Америка.

– Уште ги следиме контактите и утврдуваме од каде почнал да се шири вирусот – додава таа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This