April 28, 2024, 11:12 am

Ова го нема никаде: Погледнете со која брзина возел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што покажува фотографијата, радарската контрола на сообраќајната полиција во еден момент регистрирала возач кој со своето возило се движел со брзина од 248 километри на час. МВР информира дека во текот на вчерашниот ден низ земјава биле казнети 302 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина. Од нив, 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Повеќе од половината од казнетите, 181 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 121 надвор од населено место. Во Скопје се санкционирани 54 возачи.

На територијата на главниот град изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои и 18 за возење без возачка дозвола, девет за возење под дејство на алкохол, шест мерки за користење мобилен телефон, 10 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за возач почетник, 43 за непрописно паркирање.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, велат оде МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This