- Advertisement -
Државната изборна комисија сѐ уште ги пребројува гласови, a официјалните резултати се очекува да бидат соопштени доцна вечерва.
Во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалник, СДСМ девет, ДУИ три и еден Демократска партија на Турците во Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалници во Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градско, Ѓорче Петров, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и во Штип.