Државната изборна комисија сѐ уште ги пребројува гласови, a официјалните резултати се очекува да бидат соопштени доцна вечерва.
Во 35 општини се избрани градоначалници во првиот круг, покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија објавени на нејзината веб-страница.
Во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалник, СДСМ девет, ДУИ три и еден Демократска партија на Турците во Македонија.
Втор круг ќе има во 46 општини и во Градот Скопје.
Во две општини, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради неисполнување на законскиот услов на 1/3 од запишаните гласачи да излезат на гласање, ќе се повтори целата изборна постапка член 132 став 2 од Изборниот Законик