Одобрен заклучокот за „погpeшно толкување на историјата“, бугарските барања стануваат дел од ЕУ рамката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Погрешно толкување на историјата“ – ваква реченица е одобрена во заклучоците за проширување на ЕУ.

Овој документ до кој дојде телевизија 24 денеска се разгледуваше и се одобри на амбасадорско ниво во Брисел, а предлогот го поднесе германското претседателство. Бугарското барање е ставено во општиот дел од заклучоците за проширување или поточно во точка 8 каде пишува за регионалното помирување.

„Изјавите кои негативно влијаат на добрососедските односи и мирното решавање на споровите мора да се избегнуваат. Советот потсетува на Преспанскиот договор помеѓу Република Северна Македонија и Грција и Договорот за Пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекори би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА“

Конкретно во делот за Македонија договорите со Грција и Бугарија стојат и во точка 36 , таму не се спомнува делот за „Погрешно толкување на историјата“, туку само се нагласува важноста од имплементирање на спогодбите како дел од процесот за проширување. 

Според експерите, овие две точки се поврзани  иако е оставено самостојно да се толкува, кога ќе се усвои овој предлог, тоа ќе биде заклучок на Советот и од тоа нема бегање. Напротив официјална Софија ќе добие поголема моќ во своите раце. Во заклуците одбобрено е и бугарското барање за употребата на долгата форма на името Северна Македонија – или Република Северна Македонија, јавува МИА. Усвојувањето ќе се случи најдоцна за два дена преку писмена процедура. 

Овој документ вчера им беше испратен на амбасадорите на земјите членки на Унијата , од страна на германското претседателство, а денеска се одобри на КОРЕПЕР телото во Брисел. Кога текстот ќе се усвои, ќе премине во рацете на шефовите на дипломатиите во ЕУ во пишана верзија, а на Советот за општи работи ќе се разгледува и секоја од 27те земји членки ќе треба да се произнесе дали е прифатливо или не.

Македонија како земја кандидат нема пристап во одлуките на ЕУ. Последниот предлог се толкува како обид на Берлин да ја откочи блокадата на Софија, но познавачите сметаат дека Бугарија вака ќе однесе слатка дипломатска победа пред Македониија. Тоа би значело сериозен товар за Скопје во идните преговори со Брисел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This