Hoвитe pecтpиктивни мepки зaпoчнyвaaт вo пeтoк, гpaѓaнитe coвecнo и oдгoвopнo дa ce oднecyвaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новите рестриктивни мерки за новогодишните празници, со кои на рестораните им се забранува да работат после 18 часот стапува на сила во петок.

Но, останува опасноста од собирање на поголеми групи во домашни услови и викендички. Властите ги повика граѓаните на совеснои одговорно однесување.Освен тоа, од 18 часот граѓаните не треба да излегуваат од одма без потреба.

На овие апели им се приклучија и здравствените работници:

Ако нешто нѐ научи оваа 2020 година тоа е сигурно дека најважни се нашите семејства и нашите најблиски, порачуваат здравствените работници.Тие ја поддржуваат кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

Здравствените работници порачуваат дека има време за големи журки и големи забави, кои сите граѓани ги посакуваат.

-Да не се опуштаме сега, да избегнеме собири, ќе има други прослави на Нова Година. Сега е важно сите да останеме дома, да не се групираме. Граѓаните новогодишните празници да ги поминат во кругот на најтесното семејство, без да се групираат, за да може наредната Нова Година да биде сосема на друг начин прославена. Направете го тоа за вашите најмили, а со тоа ќе не заштитите и нас. Оваа состојба ќе заврши еден ден и ќе имаме многу подобро утре. Им порачуваме на сите граѓани сѐ она што е возможно да се одложи, да го одложат за некои наредни нови години да ни бидат подобри. Да ги почитуваат мерките за заштита и превенција, со цел да имаме подобар исход и да излеземе како победници, сите заедно, од сето ова. Сѐ ова ќе помине, ќе дојдат поубави и посреќни моменти. Среќни празници, чувајте се и останете во добро здравје!, порачуваат здравствените работници.

За дочекот на Новата година нема да биде дозволено тоа да се случи во казината и обложувалниците, посочи министерот за економија Крешник Бектеши, по информациите дека Нова Година ќе може да се прославува таму.

Бектеши вели дека казината и обложувалниците ќе можат да работат 24 часа, но дека кафулињата, рестораните и гостилниците ќе мора да затвораат во 18 часот. „Не го знам бројот на казината, обложувалниците и автомат-клубовите кои даваат и угостителски услуги, но правилото важи секаде каде што се служи храна и пијалаци и таму треба да се почитуваат мерките“, посочи Бектеши.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) чиј дел се „Адмирал“, „Астра“, „Апекс“ и „Казино Фламинго Скопје“ соопштија дека во нивните објекти целосно се почитуваат мерките и протоколите за заштита од ширење на заразата од Ковид-19, каде заради природата на работата е оневозможено групирање на гости.

„Во однос на реакции во јавноста дека во нашите објекти ќе има прослави за Нова Година, ве известуваме дека согласно одлуката на Владата е забрането организирање на секакви прослави во затворен и отворен простор, вклучувајќи ги и нашите деловни простории“, велат од АПИС.

Дополнително, тие соопштија дека нивните клубови ќе бидат затворени во периодот од 31.12. 2020 година од 22:00 часот, до 01.01.2021 година во 10.00 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This