Откажани сите летови на авиони кон Британија – во најава тотална забрана за патување кон островот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација потврди дека е во блиска комункација со британските власти заради појавувањето на новата варијанта на коронавирусот.

Според сегашните информации од Велика Британија, оваа мутација на вирусот, детектирана во Јужна Англија, се шири побргу од оригиналната верзија, но засега нема докази дека е поопасна и посмртоносна.

Покрај Обединетото Кралство, случаи со истата мутирана варијанта на Ковид-19 исто така се детектирани и во Холандија, Данска и Австралија, потврдува светската здравствена организација.

Драстично се зголемува и бројот на европските држави кои веќе воведоа или најавија забрана за патувања до и од Обединетото Кралство.

Холандија и Белгија ги откажаа сите авионски летови и возови. Италија најави иста мерка, додека слични одлуки се очекуваат и од Франција и Германија.

Надлежните смируваат и дека засега нема докази дека новата варијанта на коронавирусот реагира поинаку на вакцините, односно тие се подеднакво ефикасни во заштита на луѓето. Тоа што ги загрижува британските власти, според премиерот Борис Џонсон, е фактот дека според сегашните проценки на епидемиолозите во Обединетото Кралство, оваа варијанта на вирусот се шири околу 70% побргу од досегашниот вирус.

Британската влада, соочена со опасноста од драматичен пораст на инфекциите, иако најавуваше олабавување на рестрикциите за божикните празници, целосно го промени пристапот и воведи најостри рестрикции.

Секретарот за здравство, Мет Хенкок, апелираше до граѓаните дека ситуацијата е крајно сериозна , особено во регионите кои се со најголема вирулентност, односно 4-тото ниво од британскиот модел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This