Откриено зошто коронавирусот предизвикува губење на чувството за мирис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Губењето на чувството за мирис е еден од најчестите и најраните симптоми на вирусот корона, а група американски научници тврдат дека ја пронашле причината за овој феномен.

Утврдено е дека сензорните неврони кои го детектираат чувството за мирис и го пренесуваат на мозокот, не се меѓу клетките на чувството за мирис, кои се засегнати од Ковид-19.

Всушност, вирусот ги напаѓа клетките кои обезбедуваат метаболичка и структурна поддршка на тие неврони, како и одредени матични клетки и клетки на крвните садови, велат научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард.

Тие исто така изјавуваат дека губењето на чувството за мирис предизвикано на тој начин во повеќето случаи не е трајно, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This