„Отпорот сѐ уште е жив“: Бopби во Авганистан, cилите на отпopoт повратија три области во провинцијата Баглан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за одбрана на поранешната авганистанска администрација, Бизмил Кан Мохамади, објави дека силите на отпорот зазеле три области во североисточната авганистанска провинција Баглан од радикалното движење на Талибанците.
„Моја должност е да им се спротивставам на талибанските терористи. Областите Пула-Хесар, Дех Салах и Бану во Баглан беа окупирани од локалните сили на отпорот. Отпорот сѐ уште е жив“, напиша генералот на Твитер.

Силите на отпорот убиле и раниле десетици Талибанци во борбите за враќање на контролата врз областите во провинцијата Баглан, изјави извор за Спутник.

Ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели, откако започна офанзивата на Талибанците врз големите градови. Талибанците во неделата ја презедоа контролата врз сите гранични премини. Во текот на денот милитантите влегоа во Кабул и ја презедоа контролата врз претседателската палата. Во исто време, авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата за, според неговите зборови, „да спречи крвопролевање“. Портпаролот на политичката канцеларија на Талибанците, Мухамед Наим, подоцна објави дека војната во Авганистан е завршена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This