April 27, 2024, 12:01 pm

Павле Трајанов koнтра Заев и Царовска: Историјата мора да остане посебен предмет, ние немаме заедничка историја со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од кога знам за себе постојано сме во реформи за образованието. Апсолтно не треба да се размислува за било каква промена околу изучувањето на историјата. Како ќе се изучува? Како посебен предмет, најдобро е во ова турбулентно време да остане така како што е, истакна во „Само вистина“ лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов кој е дел од владината коалиција.

Тој потенцира дека се залага за прочистување на историјата да биде автентична да не се доведуваме во ситуација друг да ни ја пишува.

– Ако ние не ја напишеме нашата автентична историја, не можеме да се повикуваме на автори од Бугарија, Србија, Грција, од нашите соседи. Никој не пишува добро за својот комшија каде што има аспирации. Еден не признава црква, друг јазик, трет името на државата. Ние навистина сме во сложена состојба. Од сите страни сме сардисани и треба да издржиме. Не теба да дозволиме да ни ја редефинираат историјата и да ни го напаѓаат јазикот. Мораме да имаме државна стратегија. Власта се менува тоа што ќе го направиме ќе има трајни последици мораме да бидеме цврсто на нашите ставови, вели Трајанов.

Тој нагласи дека ние немаме заедничка историја со Бугарија и да го тврдиме тоа, значи дека ја прифаќаме нивната теза дека сме еден народ и со одлука на Коминтерната сме Македонци и токму затоа нашите преставници не треба да тврдат дека имаме заедничка историја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This