April 27, 2024, 10:16 am

Промените по историја ќе почнат идната година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Промените кои се планираат во однос на наставните предмети, ќе започнат од идната година и ќе се воведат во прво и во шесто одделение, велат за Мета од Бирото за развој на образованието.

Најмодерна пракса е спојувањето на предметот историја во општествни науки, исто како што биологија и хемија се интегрираат во природни, изјави денес министерката за образование и наука Мила Царовска, по реакциите на социјалните мрежи дека се укинува предметот историја.

Основното образование е базата на образованието и затоа промените ги започнуваме токму од овде. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици, рече Царовска на прес-конференцијата по повод 100 дена Влада.

Нема да дозволиме нашите ученици да не се стекнат со знаења од историја, географија или содржини од друга научна дисциплина, но тоа ќе биде на начин што ќе биде прилагоден на нивната возраст, начин кој ги руши строгите граници меѓу дисциплините и начин кој го претставува светот, процесите и појавите во неговата поврзаност и единство. Ова е ставот на надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО), пишува „Мета“.

Во работната група за концепцијата за основно образование учествуваат универзитетски професори, наставници, претставници од Бирото. За наставниот предмет Општествени науки, учествуваат и експерти/универзитетски професори по историја, антропологија, географија, како и наставници од меѓународни училишта кои го пренесуваат своето искуство во реализацијата на наставниот предмет Општествени науки во различни земји. Во овој момент, пред јавната расправа зборуваме и презентираме концепт, а не конкретни наставни програми во кои ќе бидат поставени очекуваните резултати од учењето, а врз основа на нив и содржините што учениците треба да ги совладаат од одделните научни дисциплини (историја, географија, граѓанско образование), информираат во Бирото за „Мета.

Целиот текст ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This