Пендаровски за одбивaњето лекарска помош на Камчев: Македонија не може да си дозволи такви аматерски гpeшки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, во гостување во Дневникот на ТВ Сител, зборувајќи за случајот со Орце Камчев, кој стигна и до Евроспкиот суд за човекови права откако не му беше дозволена лпосета од лекар истакна дека Македонија не може да си дозволи такви грешки уште не влезена во Европската унија.

„Јас очекувам нашите органи, Министерството за правда, тоа да го испитаат до крај. Ако е тоа така, тоа зборува многу лошо за државата во целина. Нас, освен бугарскиот спор, по кој станавме за жал познати во цела Европа и во светот, не би смееле да си дозволиме, во нашето портфолио уште пред да почнеме да преговараме, такви, ако се воопшто направени, aматерски грешки“, истакна Пендаровски.

Претседателот изјави дека вакви кршења на човековите права се евидентирани од Омбудсманот, и дека бележат и благо покачување во последната година и покрај пандемијата.

Тој додаде дека, сепак, Европскиот суд на човекови права, и покрај тоа што има надлежност да бара забрзување или забавување на постапката, во зависност од нејзините околности, сепак нема право да бара промена на мерката притвор во куќен притвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This