Пендapoвски подобpo дa нe го контактиpaше Paдев: Бугapија бара анeкc нa договopот – документ со кој ќе потврдиме дека сме еден народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателите на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев во денешниот телефонски разговор се согласиле дека европските перспективи на земјите од Западен Балкан, се од клучна важност за зајакнување на стабилноста и се важен знак за развојот на целиот регион.

Радев, како што е објавено на сајтот на бугарскиот претседател , смета дека долгорочен и одржлив напредок на Македонија е неопходен за воспоставување добрососедски односи со Бугарија.

Но, според него, Бугарија „очекува јасни законски гаранции дека единството на бугарската нација и нашето културно и историско наследство, како клучни елементи на нашиот национален идентитет никогаш нема да бидат доведени во прашање од надворешни фактори“.

Радев околу можната блокада од страна на Бугарија вели:

„Најсоодветна опција за да се избегне таква ситуација е да се обезбеди дека поглавјето 35 од Преговарачката рамка за Република Северна Македонија ќе ја вклучи бугарската Декларација, едногласно усвоена од Националното собрание пред една година, со јасни критериуми и временски рокови, кои треба да се почитуваат во текот на преговарачкиот процес.

Ако таква одлука е невозможна, нашата земја ќе работи на постигнување билатерален договор со Република Северна Македонија, со кој билатералните прашања би се решавале во духот на пријателството и добрососедските односи“, изјавил Радев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This