(Фото) Пpaтениците на ВMPO-ДПMHE co ocтри пораки пpoтив изборот на Кацapска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Кацарска значи неправда“, „Кацарска извршител на мафијата“, „Стоп за трас-трас уставен судија“, се дел од пораките испишани на транспаренти кои пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги истакнаа на денешното продолжение на 20. собраниска седница.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека очекувал барем малку доблест од Судскиот совет и владејачкото мнозинство, да слушнат зошто Добрила Кацарска е предложена за уставен судија.

Ова што денеска го промовирате е лоша пракса, зашто бирањето уставен судија не е бирање судија во втора лига фудбал, рече Мицевски на денешното продолжение на 20. собраниска седница.

Тој во процедурална забелешка истакна дека поради сериозноста на изборот на уставен судија, очекувал за Добрила Кацарска да проговори барем претседателот на Судскиот совет.

Кацарска е позната во јавноста по бројни предмети во кои суди политички опоненти на СДСМ на големи затворски казни, во кои предмети правните експерти забележуваат огромни пропусти, насилничко водење на постапките, дискриминација на обвинетите, судење во неразумно време (пребрзо и со предолги маратонски рочишта).

Токму од предметот на Кацарска за 27-ми април „произлегоа“ 3 гласа за промена на името, а од предметот „Тенк“ и доделениот азил за екс-премиерот Груевски, со што и земја од Европската унија уважи дека Кацарска ги дискриминирала обвинетите односно водела политички прогон против нив.

Поради нејзиното однесување ВМРО-ДПМНЕ ја посочи како синоним за партизираното судство на СДСМ нарекувајќи го „Кацарска судство“, за што во бројни наврати партијата упатуваше јавни критики за овие состојби од кои произлегува политички прогон и судски „терор“ од судството кое Заев „го отвори како пупка“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This