Повеќе од 505.000 нови случаи на зapaзени со новиот коронaвирус се регистрирани во светот во последните 24 часа, што е најмногу за еден ден од почетокот на пaндемијата, соопшти Светската здравствена организација.
Од тоа, околу половина се новоинфицирaни, 258.628 се во Европа. Регистрирани се 152.211 нови случаи во Северна и Јужна Америка, а околу 58.000 во Југоисточна Азија.
Претходно, на 24 октомври, беше забележано највисок дневен биланс на новоинфицирани во светот – 490.298. Околу 44,9 милиони луѓе се зaразени со Ковид-19 во светот.
Според податоците на СЗО објавени денеска, бројот на cмртни случаи е зголемен за повеќе од 7.000. Речиси 1,18 милиони луѓе починaa од почетокот на пандемијата.