(Видео) Подржувам повторно cyдење за 27 април: Луѓето кои влегоа во Собранието не се тepopисти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија вечервча во Само Интервју го даде својот став за настаните од 27 април, според него луѓето кои влегоа во Собранието не се терористи.

-Јас не мислам воопшто дека луѓето кои што влегоа внатре се терористи, дури и оние кои физички напаѓаа луѓе. Тие што физички напаѓаа луѓе ги заслужуваат казните кои ги добија, тие што само влегоа во Собранието не можеш да кажеш дека се терористи, вели тој.

Тој напоменува дека казните за осудените од 27 април се високи и драконски, а според него високи се и казните за Гордана Јанкуловска, Никола Груевски и Ѓоко Котевски за случајот „Тенк“.

-Ако ме прашаш мене за неспорно организирање на таков настан можеби 18 години се многу. Да бидам фер, да го оставиме 27. Како граѓанин кога гледам на телевизија кога слушам кој колку добил за што. Никола Груевски направи многу лоши работи во оваа земја снимките тоа го покажуваат, понатаму и низ судењата кои почнаа и не завршија од непознати причини. Меѓутоа ако ми кажете дека од се што тој претпоставено направил него го бараме да лежи за мерцедесот и добил две години, Јанкуловска добила 4 години за Мерцедес кој и ден денес го гледате кај Владата, односно државата и дека помошникот министер за финансии Ѓоко доби 6 години затвор, јас би рекол дека тоа е висока казна, додаде тој.

Пендаровски се согласи и со барањата на уставобранителите, но и лидерот на опозициајта дека случајот „27 април“ треба да почне од почеток доколку има нови докази.

Говорите за изјавата на Мицкоски јас мислам дека тоа е изјава на место, не мислам дека треба да се бранат тие луѓе бидејќи ја нападнаа демократијатам, не нападнаа сите нас избрани пратеници меѓутоа единствена начин со кој можеш да ја расчистиш маглата околу целиот тој настан со нови докази и сведоци да бараш преотворање на тој случај. Јас инсистирам како легалист до смрт ние мораме да одиме по правните процедури. Не можеме да кажеме не се виновни или се борци за слобода, а овие другите велат дека се терористи. Имате нешто плус непознато кое не било познато во време на изречување на казните, доказ изнесете го, додаде тој.

Тој повтори дека најдобро решение за да се расчисти маглата околу случувањата на 27 април би било повторно судење.

-Во овој момент јас поддржувам преотворање на процесот ако има нови докази и нови сведоци кои ќе го осветлат случајот од друг аспект кои што ќе кажат дека не било баш така докажано на првото судење, можеме да разговараме за тоа. Коа би ме прашале за правен совет, јас би одел во таа насока, вели Пендаровски.

Темата околу 27 април започнува на 1:57 од видеото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This