САД со највисоко пpeдупредување до своите државјани, да ја нaпуштат Индија што е можно побргу

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Држави им порачаа на своите граѓани поради епидемијата на коронавирус, да ја напуштат земјата што е можно поскоро. Поради екстремно лошата епидемиолошка состојба во Индија, американските граѓани треба да си заминат од земјата.

„Американските државјани кои сакаат да ја напуштат Индија треба да ја искористат предноста од достапниот комерцијален превоз“, се вели во предупредувањето.

Американската абасада исто така ги предупреди своите граѓани дека пристапот до сите видови на медицинска нега е ограничен. Некои од нив не добиле прием во болница. Ова е највисоко ниво на предупредување издадено од Стејт департментот на САД до своите граѓани кои се во странство.

Индија денес има 379.257 нови случаи на коронавирус и 3.645 починати. Земјата има над 200.000 починати досега.
Градскиот парк во главниот град Њу Делхи е претворен во голем крематориум.

Индискиот сој е откриен во Индија. Претходно, најсериозна беше состојбата во Бразил, но сега е многу сериозно во Индија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This