Поради новата мутaција на виpусот Дојче Пост ги прeкина испораките на пакети во Велика Британија и Ирска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дојче Пост ДХЛ денеска соопшти дека ја прекинува испораката на пратки во Велика Британија поради ограничувања во сообраќајот воведени од многу земји за да се спречи ширењето на новиот, наводно, уште позаразен вид на коронавирус.

Неколку земји, меѓу кои и Германија, забранија летови и други форми на сообраќај од Велика Британија откако владата во Лондон објави дека открила нова варијанта на коронавирус, која се чини дека се шири многу побрзо од досегашните.

Забраната за сообраќај предизвика огромен метеж во британските пристаништа, а некои од нив се затворени.

– За жал, принудени сме целосно да ги прекинеме испораките на пакети и писма со стоки до Велика Британија и Ирска до ново известување, соопшти германската компанија за пошта и логистика.

Писмата и разгледниците ќе продолжат да се доставуваат, додаде Дојче Пост. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This