Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи продолжува да се расфрла со парите на граѓаните, трошејќи астрономски суми на пари на облека и аксесоари
Откако неодамна ја скандализираше јавноста со бунда направена од крзно на ракуни, а согласно цените во луксузните бутици, платила 850 евра за крзното на 50-тина ракуни, денес Фетаи реши повторно да биде центар на вниманието со чанта од 2.500 евра.
Очигледно, ако и се погоди фетишот, Фетаи е спремна да го истури и „ситнежот“ на луксузирање. Во случајов чанта која чини 2.249 британски фунти, или околу 2.550 евра за брендирана „Гучи“ чанта со Сваровски кристали.
Иако, сега веќе провладините медиуми, креваа прашина за гаќичките од 500 евра на една македонска ТВ презентерка, сега се неми кога станува збор за специјалната обвинителка.