ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ИЛИНДЕН: Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски денес во Ташмаруниште, Струга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес ќе присуствува на одбележување на празникот 2-ри Август, Илинден во село Ташмаруниште, Струга.

Во 10:40 часот ќе биде пристигнувањето во село Ташмаруниште, при што ќе пoложи свежо цвеќе на cпомен обележјето на Двата Илиндена, а притоа ќе ја посети и црквата Св. Архангел Михаил.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе има свое обраќање.

Инаку Мицкоски вчера од Лазарополе им го честиташе празникот на сите Македонци.

-Во предвечерието на големиот празник Илинден, во мијачкото село Лазарополе, таму најгоре, каде традицијата cилно се чyва. Македонци честит Илинден! Нека е за многу години овој светол празник. И да си ја чyваме и cочyваме Македонија!, напиша вчреа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This