Традиционална семакедонска и погранична средба на македонците во битолско Трново

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под мотото „Човекови права за сите и против секаква дискр иминација и асимилација“, денеска во црквата „Успение на Пресвета Борогородица“ во потпелистерското село Трново ќе се одржи 48. Семакедонска и 39. Погранична средба на македонците од државата и светот.

Според програмата која ќе почне во 10:30 часот, на средбата ќе се обратат претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола Александар Јаневски, архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец, Пале Колефски, пратеникот во Собанието на Република Албанија, Васил Стерјовски и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Традиционалниот настан го организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“.

Во културно-уметничка програма ќе учествуваат членовите на КУД „Гоце Делчев“ од Битола и македонски естрадни уметници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This