Пренџов: Ова е најнеспособната Влада во историјата на независна Македонија, нивната неспособност ја плаќаме со човечки животи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на ГРОМ, Љупчо Пренџов, на социјалните мрежи реагираше за најновата информација за вакцините, дека Кина го вратила авансот кој македонската влада го уплати.

„Злосторство кон сопствениот народ.
Тотална негрижа, неодговорност и аматеризам.
Нивната неспособност секојдневно не чини човечки животи. Многу наши пријатели, комшии и познаници заминаа од овој свет поради вирусот. Други пак, се уште ги лечат последиците од него. За Филипче и владата тоа не значи ништо. Сега повторно ќе се обидат да смислат некаков си ПиАр за да се одвлече вниманието на јавноста. Но, тоа нема да спаси човечки живот, вакцините спасуваат, а нив повторно ги нема, и како што изгледаат работите уште долго ќе ги нема. Ова е најнеспособната Влада во историјата на независна Македонија. Во ‘90те години нивните Влади не осиромашуваа, денес, за жал, не убиваат“, пишува Пренџов на фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This