Скопјанец на 26 години прележал ковид, па доживеал срцев удap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопјанец на возраст од 26 години откако го прележал корона вирусот, доживеал срцев удар. Тој итно бил примен во болница, при што докторите за да му го спасат животот морале да му вградат стент.

За жал тој не е единствениот случај на млад пациент кој што добил посериозни компликации по прележувањето на вирусот. Покрај него уште двајца луѓе кои не биле постари од 30 години, биле примени во ГОБ 8 Септември со последици од вирусот. Интернистот доктор Владимир Ристовски за Алфа.мк изјавил дека расте бројот на пациенти со сериозни компликации по прележаниот вирус.

– Имаме доста голем број на пациенти кои развиваат срцева слабост после прележан Ковид, имаме пациенти кои што развиле акутна тромбоза, односно акутно запушување на долните екстремитети како компликација од вирусот Ковид 19. А имаме и пациенти кои за жал се повеќе млади, кои веќе прележале Ковид пред месец или два, а сега доаѓаат во фаза на акутна тромбоза на крвните садови на срцето, односно со акутен миокарден инфаркт. Тој број на пациенти е зголемен и се уште ќе се зголемува во наредниот период со оглед на тоа дека компликациите коишто биле претходно ги согледуваме сега и ги третираме сега, вели интернистот д-р Владимир Ристовски.

Целата вест може да ја погледнете на АЛФА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This