Пaниka вo гpaдинкa во Куманово: Тpи вpaбoтeни пoзитивни нa кopoнaвиpyc, ceдум дeцa зaвpшиja вo изoлaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три вработени од кумановската детската градинка „Ангел Шајче“ се позитивни на коронавирус, седум деца се во изолација, информираа денеска надлежните од Центарот за јавно здравје Куманово. Позитивните се од два различни објекти – „Развигорче“ и „Бубамара“. Децата кои се во изолација се од објектот „Развигорче“.

– Во текот на вчерашниот ден добивме три пријави за позитивни случаи на вработени во градинката „Ангел Шајче“ од кои две вработени, една негувателка и една воспитувачка се од објектот „Развигорче“, додека една негувателка е од објектот „Бубамара“. По претходно информирање од одговорните од градинката и по направените анкети, вработените се тестирани и изолирани Седумте деца веднаш се изолирани во домашни услови, анкетирани се нивни родители, дадени им се препораки како да постапуваат во случај на пројавување симптоми, веднаш да го информираат матичниот лекар и нас и се следи нивната состојба, вели епидемиологот од ЦЈЗ Куманово, Јадранка Стаменковска.

Во објектот „Бубамара“ нема изолирани деца, бидејќи негувателката немала директен контакт со децата кои се од голема група, се почитувале сите протоколи, а и негувателката не била на работа од трети ноември. Центарот ги следи сите протоколи, преземени се сите мерки, извршена е дезинфекција во објектите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This