Пopaди пoгpeшнa пpecyдa: 44 гoдини вo зaтвop пopaди cилyвaњe кoe нe гo cтopил..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер вчера помилува петмина затвореници осудени за дела кои не ги сториле. Меѓу нив е маж кој е ослободен после дури 44 години затворска казна која ја добил поради погрешна пресуда за силување.

„Мораме да продолжиме да работиме на реформите на нашиот правосуден систем и да препознаеме кога луѓето се погрешно осудени“, изјави Купер во соопштението до медиумите.

Гувернерот истакна дека внимателно ги прегледал фактите за секој од овие случаи: „Иако не можам да им го вратам времето кое го отслужиле на тие луѓе, им одобрувам помилување со надеж дека можеби ќе бидат во можност да напредуваат во својот живот“.

64-годишниот Рони Лонг беше ослободен од затвор после повеќе од четири децении поминати зад решетки.

„Тоа беше долг пат, но тоа е сега готово“, изјави Лонг за американските медиуми.

Лонг бил обвинет и осуден за силување и кражба во 1976-та година, по што добил доживотен затвор. Судијата утврдил дека доказите од местото на злосторството не се соодветни за изречената казна, па после помилувањето, Лонг може да ја тужи државата и да побара обесштетување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This