Јакимовски: Грешката на Љубчо Георгиевски треба да се исправи – Да се поништи договорот со Бугарија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата грешка се прави во Македонија е тоа што ја прави Љупчо Георгиевски кога ја потпишува Декларацијата 99 та со Иван Костов Таа декларација им требаше  за  да влезе во НАТО. Таа декларација нив им требаше за да влезат во НАТО а потоа и во ЕУ. Ние потпишавме договор како наивковци, и со помош на политичари кои не се дозреани не ја познаваат добро дипломатијата и не ги познаваат геостратешките поместувања овде на Балканот. интереси

Им направивме услуга за да влезат во НАТО, а сега еве нас не на тивок огин туку на добар огин како не печат.

Се фалат Бугарите дека први не признале, па не признаа први за да се тргнеме од Југославија, за можат сега ова што ни го прават ни го прават. Тоа беше една дволична игра затоа што мислеа полесно сметаат дека ќе не голтнат ако ние не сме заедно со Србија или со Југославија.

Втората теза е дека 2001 година ни дале 30 тенкови Т 34 – 100 тенкови Т 55. Што не дадоа Т-84 или Т 72.

Па пред да влезат во НАТО тие требаше да ги стопат тие тенкови, што ќе ги носат на топење, ни ги дадоа нам како на слепци. Односно ние тие тенкови…

Да Ве потсетам кој ги стопи? Владо Бучковски ги стопи овие тенкови во 2004та.

За мене план Б е поништување на договорот со Бугарија. И тука завршуваме со тоа прашање. На светот мора да му покажеме дека не го даваме идентитетот, нема шанси да полемизираме за јазикот, нема шанси да полемизираме околу македонската икона Гоце Делчев, нема шанси да им дозволиме ревизија на оние што биле фашисти и оние што цело време играле дворски игри токму кон нас македонците.

Ако се застане машки на таа работа, тоа значи дека ние за на век како Македонци ќе се ослободиме од Бугарите и од евентуално наше припојување кон Бугарија што е крајна цел на Бугарија. – – вели Стевче Јакимовски во своето интервју „Прашањето ни е следно“.

https://www.youtube.com/watch?v=PKqPVFViZ98

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This