Пpecпанcкиот нa cтakлeни нoзe – Инициjaтивaтa за уставноста cтигнa нa днeвeн peд на Уcтaвeн, за MAHУ договорот е извop нa peгионална нecтабилност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси три години по потпишувањето и две години по влегувањето во сила, Преспанскиот договор продолжува да ја бранува македонската јавност. Кон средината на март, во Уставниот суд ќе се соочат претставници на Владата, Собранието, познавачи на македонско-грчките односи, како и оспорувачите на Преспанскиот договор и указот со кој влезе во сила. До Судот се поднесени седум иницијативи – од Светскиот македонски конгрес, професорката Солза Грчева и од граѓани.

Договорот беше потпишан на 17 јуни 2018-та од министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас во селото Нивици, на брегот на Преспанското езеро, како решение на спорот стар 27 години. Со него, Република Македонија ја доби придавката Северна и ја додаде во Уставот.

Во наредните месеци, се очекува расправа и во МАНУ. Ќе ја иницира претседателот на Академијата, Љупчо Коцарев, кој е уверен дека Преспанскиот договор е извор на регионална нестабилност.

На истата подготвителна седница, ќе има расправа и за Законот за јазиците. И тој закон не доби потпис од Иванов. Пред три години, со овој закон, албанскиот јазик доби поширока примена и институции кои ја контролираат неговата употреба. Пред судот е оспорен со вкупно 13 иницијативи од ВМРО ДПМНЕ, Левица, Светскиот македонски конгрес, професорката Тања Каракамишева и од други.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This