April 26, 2024, 11:36 am

Пpoблеми во единствената нуклeapна централа во Иран – итнo исклучена на неколку дена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единствената нуклеарна централа во Иран претрпе необјаснето привремено итно исклучување, објави државната телевизија на земјата.

Официјален претставник на државната компанија за електрична енергија Таванир, Голамали Рахшанимехр, изјави во неделата дека затворањето на централата во Бушер започнало во саботата и ќе трае „од три до четири дена“. Без повеќе детали, тој рече дека може да дојде до прекин на електричната енергија.

Ова е првпат Иран да објави вонредно исклучување на централата во јужниот пристанишен град Бушер. Taa проработе во 2011 година со помош од Русија. Од Иран се бара да испрати прачки на потрошено гориво од реакторот назад во Русија како обебзедување дека не развива нуклеарното оружје.

Извештајот дојде во моментот кога врвните дипломати изјавија дека е постигнат натамошен напредок на разговорите во неделата меѓу Иран и глобалните сили да се обидат да го вратат значајниот договор од 2015 година за да го ограничи иранскиот нуклеарен развој, од кој се откажа администрацијата на Трамп. Тие рекоа дека сега останува на владите вклучени во преговорите да донесат политички одлуки.

Претходно истиот ден, Таванир имаше објава во која се вели дека нуклеарната централа во Бушер се санира, без да понуди повеќе детали. Се наведува дека работата за санација ќе трае до петок.

Во март, нуклеарниот службеник Махмуд Афари рече дека централата може да престане да работи, бидејќи Иран не може да набави делови и опрема од Русија поради банкарските санкции воведени од САД во 2018 година.

Бушер се напојува со ураниум произведен во Русија, а не во Иран, и го следи Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации. ИАЕА призна дека е свесна за извештаите за централата, но одби да даде коментар.

Изградбата на централата, на брегот на северниот тек на Персискиот Залив, започна под иранскиот шах Мохамад Реза Пахлави во средината на 1970-тите. По исламската револуција во 1979 година, централата постојано беше мета на иранско-ирачката војна. Русија подоцна ја заврши изградбата на објектот.

Централата, која се наоѓа близу активните линии на раседи е изградена за да издржи моќни потреси, периодично се тресеше од неколку земјотреси. Во последните неколку дена нема пријавено позначајни земјотреси во областа.

Во меѓувреме, Европската унија во неделата претседаваше со последниот состанок во Виена на шестата рунда разговори меѓу Русија, Кина, Германија, Франција, Велика Британија и Иран.

Нациите вклучени во преговорите се обидуваа да ги решат главните отворени прашања за тоа како да ги вратат САД во историскиот нуклеарен договор, од кој претходниот претседател Доналд Трамп го повлече Вашингтон еднострано од 2018 година. Трамп исто така ги врати и ги зголеми санкциите за да се обиде да го принуди Техеран да преговара за договор со повеќе отстапки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This