РАБОТНО ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР: Мизрахи во посета на Центрите за социјална работа во западна Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рашела Мизрахи денеска ги посети Центрите за социјална работа во Тетово и во Гостивар каде што оствари средба со Дарко Обалиќ, директор на центарот во Тетово и со директорката Нада Величковска во ЦСР Гостивар.

Мизхари средбата ја искористи да ги нагласи нејзините заложби за условите во центрите, како и начинот на работа со странките. Таа потенцираше дека прва и основна цел на центрите е од тука да излезат задоволни странки посебно затоа што станува збор за лица кои се најчесто во некаков ризик или, пак лица коишто имаат потреба од подадена рака од државата од одреден момент во нивниот живот.

Мизрахи ги сослуша соговорниците за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат и им вети дека ќе направи се што е во нејзина моќ и во рамките на законот за вработените да добијат подобри услови за работа бидејќи ако се тие задоволни и странките ќе бидат задоволни од нивните услуги.

Вработените во центрите се линкот помеѓу ранливите категории на граѓани и државата којашто треба да ги слушне нивните проблеми за потоа да дизајнира политики прилагодени на потребите на лицата во социјален ризик, напиша таа на својот фејсбук профил.

https://www.facebook.com/RaselaMizrahi/posts/116992029822721

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This