СУДСТВОТО ПУПКА: Дали брзањето за „ТНТ“ ќе го унапреди Ставрев во Апелација?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судијата во ТНТ, Огнен Ставрев во овој месец закажа дури десет рочишта за овој процес и едно за Монструм и тоа со траење од само два часа. Неофицијално, како причина за ваквото брзање се наведува намерата на судијата Ставрев да биде избран за судија во Апелација.

Седницата на која треба да се одлучува за судија во Апелација ќе се одржи на 27 јануари. Меѓу судската фела се коментира дека планот е пресуда за ТНТ да има до 27 јануари а истиот ден Ставрев да биде избран во Апелација.

Дали тоа ќе се случи тешко е да се предвиди ако се знае дека на утрешното рочиште ќе треба да се одлучи во кој правец ќе почне процесот од почеток.

Адвокати на обвинитите коментираат на бројни пропусти во досегашното водење на рочиштата. Како пример го наведуваат тоа што на голем дел од доказите на судењата биле читани само насловите што за нив е неприфатливо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This