ЌЕ ПОСКАПУВААТ ВОЗИЛАТА: Увозници на возила предупредуваат дека новиот данок ќе ги поскапе автомобилите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните со новиот данок за моторни возила нема да можат да си купат автомобил, а ние ќе останеме без работа – вака увозниците на автомобили го започнаа протестот пред Царинската управа. Велат дека со новиот данок ќе се поскапат сите автомобили, и наместо еколошки, граѓаните ќе возат стари автомобили. Бараат итно данокот на моторни возила да се укине и да се применува старото законско решение, пренесува Алсат.

„Овде не изнесе незадоволството од големите промени на царинската управа и од законот нов донесен, значи ако сме плаќале за едно увезено возило 400 евра сега е 1 спрема 3 или 1200 евра“, вели Ивица Јакимовски- увозник.

„Ние неможеме да увеземе возила на овие стандарди, имаме купено возила во Италија моментално не можеме да ги донесеме огромна е царината. Сите граѓани на Македонија ова ќе го почувствуваат од денес па натаму“, смета Мирче Митоски – увозник.

“Законот е препишан од Хрватска, Хрватска е во Европска Унија , таму носиш кола на технички преглед и плаќаш само данок, а не царина и данок“, додава еден увозник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This