Ременски жecтoкo ja пpoзвa Цapoвcкa зa “Pekeт”, министepкaтa co дeнoви мoлчи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фросина Ременски, поранешна пратеничка и министерка од СДСМ, на Фејсбук реагира по вчерашното судско рочиште за „Меѓународен сојуз” и сведочењето на Лилјана Тодоровска, која ги има авторските права на проектот за домови за стари лица.

Во продолжение го пренесуваме обраќањето на Ременски преку Фејсбук:

Вчера на судското рочиште за “Меѓународен сојуз”, “сведокот” г-ѓа Лилјана Тодоровска на прашање на ЈО Ивана Трајчева, под заклетва по вторпат (прво пред ОЈО ГОКК, вчера пред Судот) експлицитно изјави (цит.):

“Имам лично познанство со Мила Царовска …, бев во МТСП и го презентирав проектот …, многу и’ се допадна и ми кажа ден, место и време на основање на Меѓународниот сојуз преку кој може да се реализира проектот …”.

Ова е дел од изјава на сведок на ОЈО (24.03.2021).

Минатата година кога ова “упатување во Меѓународен сојуз” во Суд го посочи Бојан Јовановски врз основа на исказ на госпоѓата пред ЈО , вицепремиерката Мила Царовска излезе со остар демант и најави тужба за клевета (23.07.2020)

Во таа изјава на вицепремиерката таа нагласи дека, не ја познава г-ѓата Лилјана Тодоровска и дека не соработувала со неа.

Немам информации дали има тужба за клевета, но до објавување на овој статус чекав да видам дали ќе има демант и најава за тужба за клевета за “сведокот” г-ѓата Лилјана Тодоровска од (сега) министерката за образование и наука.

До сега нема!

Има изјава на некои прашања на генералниот секретар на мојата партија за етички кодекс како стратегија за генерална одбрана, што нема врска со оваа сериозност.

Дали отсуството на демант за изјавата на сведокот под заклетва пред Судот произлегува од потребата за легитимирање на статусот на овој (според сите полициски правила) дискутабилен “сведок” кој “не знаел ништо за ништо”, или пак е опасност за “сведокот” и неговата кривична одговорност за давање на лажен исказ пред ЈО и на Суд под заклетва ⁉

Статусот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This