Руски ловец СУ-30 прелетал во близина на американски патролен противбродски авион „П-8А Посејдон“, јавува телевизијата „Фокс Њуз“ повикуајќи се на воениот ресор
Според податоците од САД, инцидентот се случил на 12-ти мај, над Црното море, на околу 160 километри од Крим. Новинарите на телевизиајта укажуваат дека ова бил втор инцидент во период од една недела.
Сличен инцидент се случил и на 9-ти мај. Според податоците на телевизијата Ен-Би-Си, руски авион пролетал на 6 метри од американски извидувачки авион.
Извои за телевизијата во американската авијација, објаснуваат дека „П-8А Посејдон“ извршувал „редовни задачи“ во меѓународниот воздушен простор. Во рускиот воен ресор соопштуваат дека ловецот СУ-30 од составот на дежурните сили на ПВО на Јужниот воен округ бил подигнат поради пресретнување на воздушна цел над водите на Црното море.