Руско-кинеската вoeна соработка се зakaнува со kaтастрофални поcледици за западните земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руско-кинеската воена соработка се заканува со катастрофални последици за западните земји, изјави за весникот „Сан“ истражувачот во Друштвото Хенри Џексон и експерт за Русија, Изабел Сукинс.
Коментирајќи ја неодамнешната одлука за проширување на соработката меѓу Москва и Пекинг на воено поле, таа ги предупреди САД на ризикот да ја загубат својата позиција на светската сцена.
„Соработката меѓу Кина и Русија и нивната заедничка загриженост за активностите на Западот е навистина ужасна перспектива“, истакна Сукинс.
Според неа, опасност за Западот не е само економската моќ на Кина, туку и размерите на моќта.

Во исто време, написот признава дека Москва и Пекинг ја продлабочуваат соработката во светло на американските воени вежби во близина на границите на Русија. Сепак, авторот оваа причина сè уште ја нарекува „фиктивна“, додека ja обвинуваат Русија за подготовка на воена инвазија на Украина.
„Ако Русија и Кина на крајот се обединат, позицијата на Америка ќе биде целосно уништена“, рече таа.
Како што наведе таа, доколку се развие нивната воена соработка, тоа ќе биде застрашувачко за Западот.
„Ако Русија и Кина на крајот работат заедно, ќе сакаат да ја понижат Америка. Тие мислат дека Америка не заслужува да биде глобален играч на чело на се“, истакна таа.
Сукинс додаде дека сојузот меѓу Москва и Пекинг претставува закана за Европа како сојузници на Вашингтон.
„Америка нема да може сама да се бори против Русија и Кина. Ќе и треба помош од западните партнери и мислам дека ние први ќе и се обратиме“, објасни таа.
Во последно време западните медиуми и Киев повторно предвидуваат „руска инвазија“ на Украина. Кремљ ваквите изјави ги нарече насочена информативна кампања за зголемување на тензиите, во која се обидуваат да ја претстават Русија како страна која го загрозува процесот на решавање на конфликтот во Донбас. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков уште еднаш нагласи дека Москва не кова агресивни планови и дека нема намера никого да нападне.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This