САД вo пoнeдeлник пoчнyвaaт co пpвиoт бpaн вakцинaциja пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД во понеделникот ќе почнат со првиот бран на вакцинација против ковид-19 откако Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри користење на вакцината за итна употреба. Станува збор за вакцината што ја развија американската компанија „Фајзер“ и германската „БионТек“.

Претходно денеска, претседателот Доналд Трамп рече вакцинацијата ќе започне за помалку од 24 часа, но потоа генералот Густав Перна, кој е задолжен за организацијата и дистрибуцијата на вакцината, соопшти дека вакцинацијата официјално ќе започне во понеделник.

Во текот на викендов, вакцините ќе бидат спакувани и распоредени низ САД и веќе во понеделникот ќе бидат достапни на 145 локации во земјата. Во вторникот и средата, најави Перна, вакцината ќе биде дистрибуирани и на останатите над 400 локации кои беа првично планирани.

„Одобрението за итна употреба“ кое вчера го даде ФДА, значи дека вакцината може да се користи во итни ситуации, но сè уште нема целосен сертификат и целосно одобрување за масовна вакцинација. Меѓутоа, и тоа се очекува да се случи наредните денови.

Планот на САД е месецов да се вакцинираат речиси 3 милиони лица, а први на листата за вакцинација се здравствените работници кои ќе почнат да ги примаат дозите уште во понеделник. Меѓу првите на списокот се и станарите на старечките домови чија вакцинација треба да почне до крајот на следната недела.

Вкупно, според планот, масовната вакцинација треба да опфати 330 милиони Американци.

„И покрај повеќемесечната подготовка, дистрибуцијата и администрирањето на вакцината за дури 330 милиони приматели е вистински логистички предизвик. Вакцината има комплексни барања за испорака и мора да се чува на минус 70 степени целзиусови“, рече Перна.

Вакцината на „Фајзер“ и „БионТек“ беше одобрена вчера, а испитувањата покажаа дека таа нуди ефикасност до 95%.

Водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи, зборувајќи за вакцинацијата рече дека животот во САД може да се врати во нормала следното лето или почетокот на есента доколку има јасна програма за вакцинација со која сите брзо ќе бидат вакцинирани. Меѓутоа, нагласува тој, сè ќе зависи од тоа колку луѓето ќе сакаат да се вакцинираат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This