САД го честитаа празникот Илинден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД ја честитаа 117 годишнината од празникот Илинден на Македонија со Твитер порака испратена од Амбасадата во Скопје.

-Му се приклучив на претседателот Пендаровски да се одбележи основањето на модерната македонска држава, напиша синоќа амбасадорката Кејт Мари Брнз.

Од Белата куќа не дојде официјална честитка по повод најважниот македонски празник, од каде на новинарско прашање упатија на Стејт департментот, во чие име пренесе амбасадорката Брнз.

Од високите американски официјани лица, само Џо Бајден, поранешен потпретседател, синоќа испрати до нашата земја срдечна честитка по повод празникот.

На локално ниво, републиканскиот градоначалник на Кајахога Фолс во Охајо, Дон Валтерс, го честиташе Илинден на македонската заедница од овој град.

-Додека нашите македонско-американски пријатели го прославуваат овој важен празник, и во име на сите граѓани, испраќаме добра волја и пријателство до заедницата, додека ја признаваме вредноста која што македонските Американци ја донесоа во овој град и држава, изјави тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This