Џафери излегува од Инфekтивна, можно е да ја води седницата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дилемата кој ќе претседава со утрешната седница и натаму е отворена, но собранискиот претседател во заминување, Талат Џафери, кој од 24-ти јули беше хоспитализиран на Инфективната клиника поради пневмонија, денес се враќа дома.

Последователните тестирања покажале исто така дека е негативен на коронавирусот, така што може да се очекува утре тој да претседава со конститутивната седница на Собранието.

-Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре, изјави Џафери.

Седницата ќе се одржи со посебни мерки за заштита, а пред се на сите што треба да влезат во законодавниот дом, при влезот ќе им биде мерена телесна температура. Бидејќи е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, конститутивната седница ќе се одржи во друга сала – онаa под Големата купола на собраниската зграда.

Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња), а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ. Пренос од конститутивната седница гостите ќе следат од пленарната сала „Македонија”, каде што ќе биде обезбедена неопходната физичка дистанца, како и во салите 3 и 4 во Прес-центарот на Собранието. За да се избегне поголемо групирање, конститутивната седница ќе може да ја следат најмногу по двајца претставници од секој медиум.

Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, во Собранието нема да работат Клубот на пратениците, ресторанот и бифето во Прес центарот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This