САД пoвтopнo cpyши нoв цpн peкopд: Peгиcтpиpaни нaд 4.300 cmpтни cлyчaи oд Koвид-19 вo пocлeднитe 24 чaca

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во претходните 24 часа во САД се регистрирани 4.336 смртни случаи од коронавирус, што е најголем дневен биланс на смртни случаи откако лани беше прогласена пандемијата.

Вкупниот број на смртни случаи кај пациенти со Ковид-19 сега изнесува 380.524, од 22,7 милиони потврдени инфекции со коронавирус во САД, јавуваат британските медиуми.

САД се наоѓаат убеделиво на првото место во светот според бројот на потврдени случаи на Ковид-19, а според проекциите на Институтот за здравствена еиденција и прогноза на Универзитетот во Вашингтон, до крајот на јануари се очекуваат нови 108.000 смртни случаи од инфекцијата, а до 1 април вкупно 567 000.

Американскиот секретар за здравство, Алекс Азар, денеска изјави дека е достигната бројката од 700.000 вакцинации дневно и дека се очекува во следните седум до 10 дена во земјата дневно да се вакцинираат до милион Американци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This