Сенатот го пoништи ветото на Трамп за воениот буџет од 740 милијарди долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот Сенат денеска заседаваше, и изгласа поништување на ветото кое претседателот Доналд Трамп стави на законот за буџетот на Министерството за одбрана од 740 милијарди долари.

Тоа е првото раздвојување на републиканците од Трамп, 20 дена пред да ја напушти позицијата.

Трамп се врати во Вашингон во четврток од својот приватен клуб во Флорида, го засили притисокот на републиканците и ги критикуваше сите кои не го поддржале во случајот на буџетот.

Американскиот Сенат заседаваше во првиот ден од годината, што е невообичаено затоа што е празник. До тоа дошло затоа што републиканците превземале чекори да го поништат ветото кое Трамп го стави на големиот законски пакет за националната одбрана.

Се огласи и Трамп повторно на „Твитер“. Трамп најави и протест кој ќе се случи во Вашингтон на 6. јануари, на денот кога Американскиот Конгрес треба да ги верификува резултатите од претседателските избори на кои победник беше неговиот противкандидат Џо Бајден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This